(ФОТО) Тоти: „Попрво би се убил отколку да заминам од Рома!“

ФРАНЧЕСКО ТОТИ гостувал во емисијата на поранешниот репрезентативен колега Кристијано Виери.
Легендарниот капитен на Рома проговорил за својата кариера, која целото време го поминал во Рома, клубот од неговото детство и неговиот град. Тоти одиграл 785. натпревари за Рома и постигнал 307. голови со 184. асистенции.
Освои само една титула, онаа од 2001 година, и додаде два купа на Италија. Иако имал понуди од најголемите европски клубови, Тоти реши да остане во Рома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco Totti (@francescototti)

„Попрво би се убил отколку да ја напуштам Рома“, рекол Тоти, кој по завршувањето на својата играчка кариера остана во клубот како спортски директор.
Но, во 2019 година тој поднесе оставка, велејќи дека не се согласува со политиката на американскиот сопственик и дека верува дека не е доволно вклучен во клучните одлуки за клубот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco Totti (@francescototti)

„Замислував дека ќе бидам дел од Рома до мојата смрт. Но, тие ме ставија помеѓу карпа и тврдо место и ме натераа да ја донесам таа одлука. Сигурен сум дека можев да дадам многу на клубот. Не учествував во донесувањето на никакви одлуки. Јас би направил повеќе од сегашното раководство, но јас бев последниот Мохиканец. Денес Рома е во рацете на странци, тренерот е странец и спортскиот директор е странец. Недостасува некој што ја познава душата на овој клуб“, рекол Тоти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco Totti (@francescototti)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …