(ФОТО) Обвинението за силување е последно во низата скандали на Жерар Депардје

ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ е можеби еден од најдобрите француски актери, но тој отсекогаш бил магнет и за скандали.
Во вторникот протекоа информации дека Депардје е обвинет за силување на младата актерка, пред две години.
Иако убедливо најсериозно, ова во никој случај не е прво злосторство за францускиот актер.

Изгубени во преводот
Депардје остана без Оскар во 1991 година за улогата во „Сирано де Бержерак“ по скандалот предизвикан од неговото интервју во магазинот „Time“ во кое тој тврди дека неколку пати бил сведок на силувања за време на неговото лошо и тешко детство.
„Зборувам многу глупости“, рекол тој подоцна обидувајќи се да ја поправи штетата.
Грешка во преводот на еден од неговите цитати не помогнала затоа што исто така сугерирала дека тој учествувал во едно од овие силувања.
Иако француските политичари се обиделе да го одбранат, Оскарот отиде кај Џереми Ајронс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Depardieu (@depardieu_g)

Фирентински удар
Во 2005 година, тој удрил фоторепортер кој го снимал како со една млада жена купува во Фиренца .
Дарио Орланди изјавил пред судот дека актерот прво го поканил да му пријде, а потоа со главата го удрил во лицето.
Депардје се бранел тврдејќи дека Орландо е „папарацо“, што овој го негирал.
Актерот бил прогласен за виновен на суд и казнет со 800 евра.

Проблеми во авионот
На летот од Даблин за Париз во 2011. година, на Депардје му беше забрането да оди во тоалет за време на полетувањето. Не можејќи да се воздржи, актерот уринирал пред сите во празно шише и оставил дамка на килимот.
Подготовките за полетување биле запрени, а Депардје бил испратен од авионот.
„Јас не сум чудовиште. Јас сум само човек што сакаше да моча”, рекол тој подоцна во едно американско ток-шоу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Depardieu (@depardieu_g)

Романса во Москва
Депардје предизвикал голем бес когаво 2013. година прифатил руско државјанство, протестирајќи против предложениот данок за богатите во Франција.
Пасошот му го предал лично Владимир Путин на свечена вечера, а актерот одговорил со комплименти на неговата сметка.
„На руската нација и е потребна токму таква личност. Путин се обидува да им го врати достоинството на Русите.

Едно патување
Една година подоцна, пијан, паднал од скутер во Париз сред бел ден. Тој бил осуден за избегнување појавување на рочиште и три пати поголема количина алкохол во крвта.
А потоа некако успеал да добие белгиска возачка дозвола, што му овозможило непречено да продолжи да вози во Франција.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Работник добил автомобил од газдата: „Не можев да верувам!“

Расудин Мухиќ, вработен во тузланската месарницата „Брајловиќ“ од својот работодавачот добил автомобил „Голф 5“  како …