(ФОТО) На Тајгер Вудс во нозете му вградиле шипки и шрафови: „Не знаеме како останал жив!“

Тајгер Вудс е свесен и добро се опоравува од операцијата по тешката сообраќајна несреќа што ја претрпе вчера во близина на Лос Анџелес.
Најдобриот голфер во историјата ја изгубил контролата над својот џип на ридски пат и слетал од патот. Тој бил сам во возилото.
Пожарникарите морале да го исечат лимот за да го извлечат од уништениот автомобил, а Вудс цело време бил свесен, но, видливо во шок. Пожарникарите соопштиле дека голферот се обидел да излезе од возилото самостојно, но не можел бидејќи бил заробен и имал сериозни повреди. Тој бил итно пренесен во болница каде му биле дијагностицирани тешки фрактури на двете нозе и бил итно опериран.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Daily Beast (@thedailybeast)

„Г-дин Вудс има сериозни повреди на нозете, особено десната со две отворени фрактури. Ние ги поврзавме неговите коски со шипки и завртки, а глуждовите и стапалата беа најтешки. Неговите мускули и целото меко ткиво моравме да ги ослободиме со сечење на кожата”, рекол Аниш Махајан, раководител на Harbor-UCLA Medical Center.

„Имал многу среќа“
Полицијата на прес-конференција објавила дека истрагата ќе трае со недели и дека сè уште не е познато зошто Вудс слетал од патот.
“Несреќата се случила на стрмен и дел од патот со многу свиоци каде што луѓето често губат контрола над возилото поради брзо возење. Веруваме дека брзината била главната причина. Немаше индикации дека возачот е под влијание на нешто. Утврдивме дека возилото најверојатно удрило прво во работ на тротоарот, преминало преку двете ленти, удри во другиот раб, во дрво, се превртел неколку пати и застанал на стотина метри од патот. Немаше знаци на лизгање или кочење, а времето беше добро. Искрено, не знам како г-дин Вудс преживеа, но имал многу среќа. Сигурно му помогналепојасот што го врзал и бројните воздушни перничиња што се отвориле”, рекол Алекс Вилануева од канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)

Веднаш по несреќата, друго возило запрело на патот за да и помогне на жртвата. Друг автомобил се судрил со возилото, но за среќа нема повредени.
Вудс, кој претежно живее на Флорида, на 23. ноември имал операција на грбот. Тој дошол во Лос Анџелес за Genesis Invitational, турнир за голф, кој го води неговата фондација и каде ги учи славните да играат голф. Тој требало вчера наутро да дојде на снимањето со многу други американски спортски sвезди, но не се појавил ниту јавил за да организаторите подоцна дознаат за неговата несреќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Los Angeles Times (@latimes)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …