СКАП РАЗВОД – На бившата сопруга мора да и плати за 5. години извршување на домашните работи за време на бракот!

Судот за разводи во Пекинг му наредил на еден маж да ги исплати пари на неговата сопруга која ги извршувала сите домашни работи за време на нивниот брак.
Таа ќе добие 50.000 јуани (7.700 долари, околу 6.300 евра) за пет години неплатена работа.
Случајот предизвикал голема дискусија за мрежите за социјално вмрежување, а некои велат дека износот на надомест е премногу мал.
Пресудата била донесена откако Кина вовела нов граѓански законик.
Според судските записи, мажот е идентификуван дека се презива Чен кој поднел барање за развод минатата година од неговата сопруга, која се презива Ванг, по венчавката во 2015 година.


Таа прво не сакала да се разведе, за да подоцна побара паричен надомест, тврдејќи дека Чен никогаш не работел било каква домашна работа или се грижел за нивниот син.
Окружниот суд во Пекинг, во Фангшан, пресудил во нејзината корист, наредувајќи да и плаќа месечната алиментација од 2.000 јуани, како и еднократен износ од 50.000 јуани за домашната работа што ја правела.
Пресудата била донесена според новиот Граѓански законик, кој стапи во сила оваа година.
Според новиот закон, брачниот другар има право да бара надомест за развод ако има поголема одговорност во образованието на децата, грижа за постарите роднини и обезбедување на помош на партнерите во работата.


Претходно, брачните другари кои се разведувале можеле да побараат таков надомест само ако е потпишан предбрачен договор, што е невообичаена практика во Кина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО – ВО ЖИВО) Погреб на принцот Филип: Службата започна – на испраќањето само најблиските – братучед ги дели Хари и Вилијам

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела …