(ВИДЕО) Скокнал во ладниот базен за да го спаси кучето кое пропаднало низ ледот

ЕКСТРЕМНО студеното време преовладуваше последните денови во Тексас, а водата во базените пред многу куќи се замрзнала и ги претворила во лизгалишта.
Дан Холмс научил на потешкиот начин дека замрзнувањето на водата може да биде крајно опасно по живот за домашните миленици.
Додека уживал во ветерот во дворот на куќата во друштво на неговите две кучиња, кучката Кристи играјќи стапнала на ледената површина на базенот, а потоа одеднаш паднала во студената вода.

Холмс не чекал ни секунда, туку веднаш притрчал на помош на Кристи. Скокнал по неа во базенот и ја извлекол.
„Сите сме добро, но водата беше многу студена“, напишал Холмс во описот на видеото што го објавил на Фејсбук, покажувајќи го моментот на несреќата.
Тој рекол дека се надева дека сопствениците на миленичиња ќе научат нешто од неговиот пример.
„Бидете внимателни“, додал тој.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …