(ВИДЕО) ММА – Легендарниот Бразилец бурно ја прославил победата па дознал дека борбата не е готова

НЕВЕРОЈАТНА ситуација му се случила на славниот бразилски ММА борец Зулузињо на приредна на руска промоција на AMC.
Зулузињо се борел со непоразен руски борец Јусуп Шуаев и се чинело дека ќе му го нанесе првиот пораз. Непосредно пред крајот на првата рунда, 42-годишниот Бразилец силно го удрил Русинот и го срушил на подот, тој тргнал кон него, но судијата го спречи.
Бразилецот започнал да ја слави победата мислејќи дека судијата ја прекинал борбата за да не го загрози здравјето на Шуаев, но судијата реагирал бидејќи се огласил сигналот за крајот на рундата.

На крајот, шокираниот Зулузињо морал да се врати во кафезот, а таму Русинот бил подобар во следните 10 минути и победил со одлука на судиите. Тоа е десетти пораз на Бразилецот во кариерата (14-10) и прв по скоро три години.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ДЕБАР МААЛО ДОБИ СПОРТСКО И ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски …