ШОК ПОСЛЕ ПОЛОВИНА ГОДИНА: На четвртина од луѓето кои прележале корона после шест месеци им се појавил нов симптом!

Замор, губење на чувство за мирис и болка во градите се едни од најпознатите долгорочни последици од прележаниот ковид, сепак, според најновото истражување, скоро четвртина од поранешните пациенти се соочува со опаѓање на косата.
Студијата објавена во списанието „Лансет“ открива дека 359. лица од 1.655. хоспитализирани во Вухан или 22. проценти доживеале опаѓање на косата шест месеци откако биле отпуштени од болницата, објави „Дејли меил“.
Дерматолозите велат дека опаѓањето на косата е нормален психолошки одговор на стресен настан, како заразна болест, и е само привремен, но ковидот може да предизвика алопеција, каде што опаѓањето на косата е трајно.


Кинеските автори сакаа да ги испитаат долгорочните здравствени последици од ковид, попознат како „пролонгиран ковид“.
Како што рекоа, овие симптоми остануваат во голема мера нејасни, иако Националната јавна служба на Англија (NHS) вклучува список од 14. последици, вклучувајќи слабост, отежнато дишење, несоница, вртоглавица, болка во зглобовите, депресија и вознемиреност.


Губење на косата не е на списокот со NHS.
„Целта на оваа студија е да ги опише долгорочните последици врз пациентите кои биле подложени на ковид – наведуваат авторите од Кинеската академија на медицински науки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(Диета) ТИЈАНА ВАКА УСПЕАЛА ДА ОСЛАБНЕ 45. КИЛОГРАМИ: Сега строго се придржува до овој план на исхрана!

Еве што јаде пејачката во текот на денот… Денес Тијана Дапчевиќ (45) може да се …