КОГА БИ МОЖЕЛЕ ДА ГИ СИМНЕМЕ МАСКИТЕ: Британски научник навестил до кога ќе трае борбата со корона

Постои можност носењето заштитни маски следната зима да биде потребно во одредени услови, со цел да се продолжи со одбраната од инфекцијата со вирусот корона, изјави главниот научен советник на Владата на Велика Британија, Патрик Валенс.
„Можеби ќе биде потребно следната зима да има мерки како што е носење маска во одредени ситуации“, изјавил Валанс пред новинарите во Лондон.


Водечкиот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, вчера изјави дека постои можност Американците да мора да носат маски и во 2022 година, но дека мерките воведени поради ковид 19 ќе бидат поблага заради напредокот во кампања за вакцинација.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Кучето прво ги почувствувало ударите на бебето во стомакот, неговата реакција е сè

Кучето Гус било спасено откако било пронајден врзан за столб и е многу благодарен на …