(ВИДЕО) Масажа со која лицето добива беспрекорен изглед

Полиците за козметика се преполни со разни производи за нега, и покрај тоа сепак посегнуваме по некои новини кои штотуку пристигнаа во парфимериите. За прекрасен изглед на кожата на лицето, подготвени сме да издвоиме огромна сума пари и да испробаме разни производи за да најдеме еден што навистина ќе направи видлива разлика, но тајната на убавата кожа всушност лежи во постојаноста, стоењето пред огледало и масажа што дефинитивно треба да ја вклучите во вашата дневна рутина.
Кога зборуваме за нега на кожата на лицето, најголемиот фокус е всушност на производите што ги користиме и за кои се надеваме дека ќе направат чудо на нашето лице, но тоа не е секогаш така. Една од најголемите заблуди во светот на убавината е секако дека ни требаат еден куп производи за негувана и здрава кожа, а вистински доказ за тоа е масажата на лицето, која станува растечки тренд во светот на убавината. Иако на прва масажата ни асоцира на третмансо кој го опуштаме своето тело, нема причина да не ја применувате истата грижа за вашето лице, особено кога можете да ја користите за да постигнете резултати што навистина прават разлика.


Овој третман совршено ја стимулира циркулацијата на крвта, го ублажува притисокот во вилицата и слепоочниците, а со тоа може да се ослободите од натеченост околу очите, а има и големи придобивки против стареењето.
Масажата се изведува на чисто лице, а пред да започнете со тоа, важно е да го нахраните лицето со масло за да не ја оштетите кожата. Обрнете внимание и на изборот на масло, односно дека неговата формула не е комедогена и дека нема да ги затвори порите. Кога лицето е подготвено, можете да започнете со масажа, за која не ви требаат други реквизити освен вашите прсти. Притисокот на масажата треба да биде средно силен, и доколку чувствувате јазли на лицето, слободно застанете на нив и ставете малку посилен притисок за да ја ослободите вилицата од напнатост во тој момент. Овој вид масажа најдобро се прави пред спиење затоа што кожата се регенерира преку ноќ, така ќе се разбудите со негувана и затегната кожа.
Погледнете видео кое детално ги прикажува клучните чекори на масажата.

Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …