(ФОТО) Познати парови кои се чувале за првата брачна ноќ

Можеби идејата за „чување“ за првата брачна ноќ е одамна застарена, но тоа им се допаѓа на некои парови – дури и на некои кои се во шоу-бизнис приказната.

Адријана Лима и Марко Јариќ

loading...

 

View this post on Instagram

 


A post shared by 2000+ (@zanimljive_dvehiljadite)


„Сексот е за брак“, рекла убавата Адријана Лима во интервју за GQ во 2006. година и објаснила дека нејзините момчиња мора да ја почитуваат таа одлука. „Ако нема почит, тоа значи дека тие навистина не ме сакаат“, додала славниот Бразилец.

Во тоа време таа беше со српскиот кошаркар Марко Јариќ, со кого се омажи во 2009. година. Денес тие не се заедно, но се во добри односи како родители на две ќерки, Валентина и Сиена.

Кјара и Расел Вилсон

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ciara (@ciara)

Американската пејачка Кјара и фудбалерот Расел Вилсон ветија дека ќе бидат во целибат само неколку месеци откако ја започнаа нивната врска.
„Кога ќе се фокусирате на пријателството, навистина мислам дека имате можност да изградите силна основа за квалитетна врска“, открила Кјара.
Тие застанаа пред олтарот во јули 2016. година, а Кјара ја роди нивната прва ќерка Сиена на крајот на април 2017. година.

Џесика Симпсон и Ник Лашеј

„Невиноста може да биде кул и секси“, изјавила американската пејачка и актерка Џесика Симпсон за списанието „People“ во 2000. година. Во тоа време, таа се забавувала со пејачот и водител Нико Лашеј, кој признал дека не е секогаш лесно, но дека ја почитува нејзината одлука да почека до првата брачна ноќ.
Џsесика и Ник се венчале во 2002. година но и покрај големата љубов, тие започнале бракоразводна парница четири години подоцна.

Миранда Кер и Иван Шпигел

Австралискиот модел и основачот на Snapchat се согласиле да немаат сексуални односи до брак. „Иван е многу традиционален човек. Не смееме, чекаме“, изјавила Миранда Кер за „The London Times“.
Сепак, кратко откако го изговорија судбоносното „да“ во мај 2017. година, парот објави дека го чекаат своето прво дете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што е СЕКСОДУС? Овој „ТРЕНД“ го зафати светот и се помалку луѓе водат љубов…

Пандемијата на корона вирусот во голема мера влијаеше на нашите животи, особено на здравствениот сегмент, …