(ФОТО) За лајкови, позирала гола на загрозен вид слон: „Сакам животни“

Инфлуенсерка на Инстаграм, Алесија Кафелникова, на својот профил објавила видео на кое може да се види како позира гола на загрозен вид слон, што ги разбеснило нејзините бројни следбеници.
Веднаш по објавувањето, за „The Sun“ се јавил портпаролот на Здружението „Спаси ги слоновите“, кој не ја криел одвратноста поради нејзиното однесување.

„Снимена е на азиски слон, а овој вид на слонови постојано се бори за опстанок и преживување, затоа што брутално ги користат за туризам и забава. Здружението ‘Да ги зачуваме азиските слонови’ законски се залага за забрана за рекламирање и продажба на неетички места каде што се наоѓаат овие специјални суштества се комерцијализирани и се злоупотребуваат“, рекол портпаролот.

После голем број негативни коментари, се огласила и Кафелникова и објавила друга фотографија со слон.

„Сакам слонови и го сакам Бали. Тоа беше приватна фотографија, немав намера воопшто да повредам нечии чувства. Ја сакам културата во Бали и ги почитувам правилата на Индонезија. Жал ми е ако видовте нешто негативно во ова. Сакав да ви покажам дека ги сакам и почитувам животните, а особено слоновите, повеќе од сè “, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alesya Kaf (@kafelnikova_a)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Куче направило сцена и глумело дека е мртво бидејќи не сакало да си оди од паркот

ДОДЕКА еден убав сончев ден Макс Лукас седел во парк во Амстердам, видел смешна сцена, …