(ВИДЕО+ФОТО) НОВАК ЃОКОВИЌ И СЕ’ Е ВОЗМОЖНО – Едно бебе добило автограм пред да се роди!

По освојувањето на Австралијан опен, Новак Ѓоковиќ решил да прошета на плажата Брајтон и да изненади многу фанови кои биле таму.

Се разбира, никој не очекувал да се сретне со светскиот рекет број еден среде плажа во Мелбурн, а реакциите биле различни.

Меѓу најинтересните секако била реакцијата на една бремена жена, која го замолила Ѓоковиќ да и даде автограм, односно да се потпише на нејзиниот стомак.

Со овој гест, мајката сигурно ќе има што да му раскажува на бебето кога малку ќе порасне – не многу луѓе можат да се пофалат дека го добиле автограмот на Ѓоковиќ дури и пред раѓањето.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Мистеријата на фотографијата на Икарди: Лежи во кревет и му даваат кислород!

Веднаш почнало да се шушка дека има коронавирус Со фотографијата што ја објави на Инстаграм, …