Ѓоковиќ се откажал од 1. милион долари од наградата за освојување на Австралија Опен – Еве и зошто!

НОВАК ЃОКОВИЌ лесно го совлада Данил Медведев во финалето на Австралија опен со 7:5, 6:2, 6 2. Така тој го освои Мелбурн по деветти пат и вкупно 18-ти Грен слем турнир. Покрај тоа, тој заработи огромна сума.
Ѓоковиќ за освојување на првиот Грен слем во годината заработил 2,13 милиони долари. Големо богатство, но далеку помалку отколку што доби за титулата минатата година, кога му беа исплатени 3,12 милиони долари.

Навидум чудната ситуација станува уште побизарна со фактот дека наградниот фонд на Австралија опен е поголем за 7. милиони долари оваа година.

Како и да е, како што откри директорот на турнирот Крег Тили, Ѓоковиќ се согласил драстично да се намалат наградите на победниците за да им се дадат повеќе пари на младите играчи и оние кои ќе отпаднат во раните фази, за да се олесни тешката ситуација во ерата на короната, но и да се помогне со големите трошоци за патување до Австралија и назад.

Ѓоковиќ во кариерата заработи рекордни 145. милиони долари во турнирските кариери, без хонорарот за денешниот триумф во Мелбурн.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фотографијата на Роналдо и Мбапе од тунелот после натпреварот е хит на интернет

ФРАНЦИЈА и Португалија одиграа 2:2 во последното коло од групната фаза на Европското првенство. На …