Литературен конкурс за учениците од основните училишта во Центар

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, Општина Центар распиша литературен конкурс за учениците од основните училишта во Центар на тема „Моето детство во пандемија“.
Идејата за литературниот конкурс беше инспирирана од глобалната здравствена криза со коронавирусот и нејзиното влијание врз психолошката состојба кај учениците и нивните промени во однесувањето. На конкурсот учествуваа ученици од сите осум општински училишта во Центар, односно, ученици од одделенска настава од трето до петто одделение и ученици кои посетуваат предметна настава.


„Сметавме дека овој литературен конкурс ќе ги поттикне учениците да творат и на креативен начин да ги искажат негативните емоции предизвикани во време на пандемија. Би сакал да им честитам на првонаградените ученици и нивните ментори за успешната работа“ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ
Општина Центар награди вкупно 16 ученици, кои добија Благодарници за нивната успешна работа и подарок книги од Просветно дело, како поддржувач на општинскиот литературен конкурс.


Со почетокот на второто полугодие од учебната година, Општина Центар во соработка со педагошко – психолошките служби во основните училишта во Центар, започна да спроведува тематски часови и консултативни средби со учениците и родителите. Целта е стручните служби да разговараат за актуелни и чувствителни теми, како и насоки за позитивно однесување за полесно справување со последиците од коронавирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Дела од Крстевски во Индонезија

Во рамките на меѓународниот фестивал SIDLEFEST Semarang (SIDLEFEST – Semarang International Doodle Festival), Индонезија, организиран …