Каков парадокс: Загрепски бездомник е осуден на осум месеци затвор бидејќи украл „Вегета“!

Загрепскиот бездомник Н. Л. ќе помине осум месеци зад решетки за кражба на „Вегета“ и сувомесни производи од продавницата. Одлуката ја донел окружниот суд во Бјеловар откако обвинетиот ја обжали првостепената пресуда на општинскиот суд во Загреб.
Исто така, му било забрането да се приближува до продавниците на „ШПАР“ во областа на Загреб и загребската жупанија, во рок од една година и осум месеци.
Иако адвокатот на осудениот човек во тужбата побарал затворската казна да биде заменета со условна казна и општокорисна работа, судот не го прифатил ова. Според судот, олеснителна околност е тоа што тој го признал делото и ја вратил „Вегетата“ на нејзиниот сопственик, меѓутоа, поради неговата претходна казна и „упорноста во континуирано извршување на имотни деликти“, судот смета дека осум месеци затвор е соодветна казна.
Тие дури и не му верувале дека тој украл „Вегета“ за да се прехрани, бидејќи, како што велат,Н.Л. веќе признал дека планирал да им ја продаде вегетата на соседите, па веројатно истото го испланирал и со сувомесните производи.
Во пресудата се вели дека судот пред одлуката зел предвид и дека обвинетиот во неговата лична жалба против првата пресудата изјавил „дека е многу смешно што добил осум месеци затвор“.

Фото: Илустрациј

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …