ЗАМИНУВАЊЕ НА ПАНОНСКИОТ МОРНАР – Ѓорѓе Балашевиќ погребан со тамбураши кои ја свиреле „Оливера“

Ѓорѓе Балашевиќ беше погребан денес нешто пред 13. часот во Нови Сад во кругот на неговото најблиско семејство и неколку пријатели. Приватното обезбедување ги затвори сите влезови на гробиштата.
Тој бил испратен од тамбурашикои ги пееле неговите песни, меѓу нив и песна со името на неговата сопруга Оливера.

Како што пренесува telegraf.rs, синот на Балашевиќ, Алекса и зетот Александар Јовановиќ, сопруг на Јована, пристигнале на новосадските гробишта околу 12:30 часот. После тоа, пристигнале ќерките Јована и Јелена и сопругата Оливера и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ. Вкупно 30. лица присуствувале на погребот.
Балашевиќ од капелата бил испратен со песната „Ацо, брацо“,, а потоа тамбурашите продолжиле со „Мала гарава“, додека на гробното место ја свиреле неговата омилена песна „Оливера“, посветена на неговата сопруга Оливера Балашевиќ.

Ова е песната „Оливера“…

Ден на жалост во Нови Сад
Нови Сад ја прогласи недела за ден на жалост по повод смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во петокот, на 19. февруари, во Клиничкиот центар на Војводина како резултат на пневмонија предизвикана од коронавирус.
„Ги исклучивме светлата во Градското собрание за да искажеме болка и тага со семејството. Ова е тежок момент за семејството Балашевиќ, но и за целиот град, држава и регион”, објавил Вучевиќ на Твитер, додавајќи дека “Нови Сад повеќе нема да биде ист по неговата смрт“.
Тој претходно соопштил дека градската администрација ќе прогласи Ден на жалост на денот на погребот на Балашевиќ, а некои српски медиуми објавија дека тој ќе биде погребан на Новите гробишта во Нови Сад, во круг на најблиските, што е желба и одлука на неговото семејство и одлука.


Новосадското радио 021 емитува исклучиво музика на Балашевиќ од плочи и концертни записи, како и некои од неговите говори и пораки од бројни концерти, во текот на целиот ден во спомен на легендарниот жител на Нови Сад.
Во градовите низ поранешна Југославија, илјадници луѓе од петокот му оддадоа почит на покојниот текстописец, поет и разноврсен уметник, собирајќи се со неговите хитови, палејќи свеќи и положувајќи цвеќиња со неколку мандарини и мал бел зајак во спомен на стихови од неговата песна „Некои нови деца“.
Во својата скоро петдецениска кариера, Балашевиќ одржа стотици концерти во градовите низ поранешна Југославија, сними 12 албуми и остави зад себе десетици хитови, од кои многумина станаа евергрини и химни за многу генерации во регионот.

Фото: telegraf.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) ОВОЈ ЕВРОПСКИ ОСТРОВ Е ОАЗА БЕЗ КОРОНА: Сардинија од денес се враќа во нормала

Додека во северна Италија се зголемува бројот на нови случаи на ковид 19, островот Сардинија …