ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА: Моќна лекција која татко пред смртта му ја дал на својот син

Често ни се случува од раскажувања на нашите родители или баби и дедовци да научиме нешто повеќе за животот и вистинските вредности.
Денес ви донесуваме приказна за моќна лекција која еден татко пред својата смрт му ја дал на својот син…

Таткото му кажал на својот син пред неговата смрт:
„Ова е часовник на дедо ти и тој е стар повеќе од 200 години. Но, пред да ти го дадам, оди кај часовничар во првото село и кажи му дека сакаш да го продадеш, па погледни која му е цената”.
Синот заминал, а потоа се вратил кај татко му и му рекол:

„Часовничарот дава 5 долари затоа што овој часовник е стар”.
Татко му му рекол:
„Оди сега во продавницата за антиквитети!”
Тој отишол, а потоа се вратил и му рекол на татко му:
„Тие нудат 5.000 $”.
Татко му му рекол:
„Сега оди во музејот и таму понуди го часовникот за продажба”.
Синот отишол, а потоа се вратил кај татко му и му рекол:
„Во музејот донесоа експерт кој ја процени вредноста на овој часовник. Ми понудија 1.000.000 долари за него”.
Тогаш таткото му рекол:
СИНЕ МОЈ,
САКАВ ДА ТЕ НАУЧАМ ДЕКА САМО ВИСТИНСКОТО МЕСТО И ВИСТИНСКИТЕ ЛУЃЕ МОЖАТ АВТЕНТИЧНО ДА ЈА ВРЕДНУВААТ ТВОЈАТА ВРЕДНОСТ.
ЗАТОА, НЕ СЕ ПОСТАВУВАЈ СЕБЕ НА ПОГРЕШНО МЕСТО ОТИ ТОГАШ ЌЕ БИДЕШ РАЗОЧАРАН АКО НЕ ТЕ ЦЕНАТ И ВИСТИНСКИ ВРЕДНУВААТ, БИДЕЈЌИ,ОНОЈ КОЈ ЈА ЗНАЕ ТВОЈАТА ВРЕДНОСТ, ТОЈ ЌЕ ТЕ ПОЧИТУВА.
И … НЕ ОСТАНУВАЈ ВО МЕСТО КОЕ НЕ ТИ ДОЛИКУВА НА ТВОЈАТА ВРЕДНОСТ!”

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Мајката открила дека нејзината ќерка (12) била злоставувана од нејзините врснички, па зела БОКСЕРСКИ ракавици и направила хаос

Не знаела на која прво да и се одмазди… Сите се фаќале по главата. Додека …