(ВИДЕО) НЕОЧЕКУВАНО: Почест за Балашевиќ и на стадионот на Ливерпул!

Бројни пријатели, колеги и обожаватели на Ѓорџе Балашевиќ ги испратија последните поздрави до кантавторот кој почина во петокот, а почест му е оддадена и на „Енфилд“, стадионот на „Ливерпул“.
Познатиот новинар на „Спортски клуб“, инаку дописник од Велика Британија, Невен Цвијановиќ, кој живее и работи во Англија, на својот Инстаграм профил му оддаде почит на Балашевиќ, а кратко потоа беше објавено и видео.
Цвијановиќ ја остави сликата на Балашевиќ на спомен плочата на „Енфилд“, посветена на навивачите на Ливерпул кои загинаа во несреќата на стадионот Хилсборо во 1989. година.
Кантавторот Ѓорџе Балашевиќ почина во петокот на 68-годишна возраст од последиците од пневмонија, предизвикана од инфекција со коронавирус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neven Cvijanovic (@neven.cvijanovic)

Фото: Принтскрин/youtube/sportklub.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мајка за синот изградила мостови до училиште

Грижлива мајка во кинеската провинција Хенан потрошила повеќе од милион јуани или околу 154.000 американски …