ХЕЈЛИ Баез и нејзиниот сопруг Рик ја имаат двегодишната ќерка Хазел, а таа неодамна открила дека е повторно бремена. Оваа вест решила да му ја соопшти на својот сопруг на креативен начин и снимала сè пред камера и го објавила на ЈуТјуб.
Со позитивен тест за бременост, таа се скрила од сопругот и возбудено рекла во камерата: „Јас сум бремена!“. Дошла до идеја да го сподели ова со таткото на своето дете користејќи среќна грепка.
Таа ја поставила камерата во кујната и му рекла на Рик да ја изгребе грепката и да види дали има нешто.
„Добив три златни шипки и на него пишува дека наградата е бебе“, рекол тој на глас, сфаќајќи дека сè е добро осмислен план.
View this post on Instagram
Хајли е во 11-та недела од бременоста и со нетрпение чека преглед за да го открие полот на бебето. Датумот на породувањето е во септември.
Фото: Скриншот/Youtube