Симболично збогување од легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ подготви девојче која во придружба на нејзиниот татко ја испеала песната „Само војна да нема“ во близина на Споменикот на убиените деца на опседнато Сараево.
Харис Абдагиќ, кантавтор од БиХ и неговата ќерка Кира веќе подолго време објавуваат снимки на кои девојчето изведува разни песни на каналот Јутјуб наречени „Тато и Кира, пеат лектира“.
Овој пат, тие споделиле трогателен перформанс, во чест на Балашевиќ, на нивната Фејсбук страница со проштална порака.
“Знаеш што? Ние ќе продолжиме да ја молиме најважната молитва на која нè научи. Ви благодариме, Ѓорѓе Балашевиќ. Тато, Кира и мама те сакаат“, навеле тие.
Има многу симболика во збогувањето на тато и Кира, имајќи ја предвид поврзаноста на Балашевиќ со Сараево, како и поддршката што пејачот им ја пружи на сараевчани за време на опсадата.
За време на агресијата врз Босна и Херцеговина, кантавторот од Нови Сад покажа јасен став против војната, а тој им пружи поддршка на граѓаните со бројни песни, од кои „Сараево ќе биде сè друго ќе помине“.
Исто така, Балашевиќ беше еден од првите музичари кои решија да го посетат Сараево по војната. Иако неговата одлука предизвика различни реакции во Србија, Џоле, како и секогаш, остана доследен на неговите зборови.
На почетокот на февруари, во конвој, кој покрај бендот имаше и мировници, Балашевиќ замина во Сараево, каде требаше да го одржи својот прв концерт на 8. февруари.
За време на снимањето на документарниот филм во 2018. година, Балашевиќ зборуваше за Ал Џезира за емотивните концерти од 1998. година.
„Сараево немаше проблеми со емоциите, што на крајот скапо го чинеше. Сепак, овие концерти премногу излегоа од контрола и беа поблиску до небото отколку до земјата. Тоа е емоција што не може да се повтори “, рекол тогаш Балашевиќ.
Фото: Принтскрин/Facebook