(ВИДЕО+ФОТО) Симпсонови како баба Ванга: Еве што се’ досега предвиделе!

Серијата „Симпсонови“ се емитува веќе 30 години и го насмева и воодушевува целиот свет со оригинални шеги. Покрај уникатниот хумор, „Симпсонови“ постојано ја зачудуваа јавноста со својата „способност“ да предвидат некои од најважните светски настани. Многумина веруваат дека во оваа серија се кријат „елементи на големи заговори“, додека други сè уште мислат дека тоа е само дивата фантазија на авторот.

Доналд Трамп за претседател на Соединетите држави
Пред 20. години, во серијата „Симпсонови“, беше емитувана епизода која предвидува кандидатура на Доналд Трамп, американски бизнисмен, за претседател на САД. Група автори на серијата сметале дека би било интересно, во серијата, некоја позната личност да победи на претседателските избори.
Тие го избрале Трамп затоа што тој бил доста популарен и активен во деловниот свет. Ова привлече големо внимание во јавноста, а авторите целиот процес на погодување на иднината го нарекоа креативен процес.

Она што предизвика голем интерес е тоа што во серијата се појавија неколку сцени, кои подоцна се совпаднаа со вистински настани. Секако, за тоа се појавија голем број теории. Една од нив е дека Лиза Симпсон, која во серијалот се бунтува против Трамп, била препознаена како активистката за заштита на животната средина, Грета Тунберг.

Напад на Кулите близначки
Теоретичарите се најинтригирани од епизодата во која семејството Симпсон пристигнува во Њујорк. Симпсонови купиле водич на кој се со фотографија од Близначките за 9 долари. Близначките на сликата на многумина им изгледале како број 11, што доведува до бројот 911. Терористичкиот напад врз Близначките се случи на 11. септември 2001. година.

Серијата „Игра на тронови“
Во една од последните епизоди на оваа глобално популарна серија, змеј го уништува градот Кингс Лендинг. Во епизодата на Симпсонови, која беше прикажана во 2017 година, Симпсонови гледаат како змеј го уништува нивното село.

Лејди Гага и Суперболот
Во 2012. година беше прикажана епизода на Симпсонови во која оскаровката и пејачка Лејди Гага прелетува над публиката на концерт додека виси на жица. Лејди Гага, која е позната по своето необично однесување и фустан, беше гостинка на 51. Супер Боул во 2017 година.

Таа тогаш полетала на сцената од покривот на стадионот и носела идентична гардероба како онаа од епизодата „Симпсонови“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Бали бег изненадил со новиот изглед – фотката собрала повеќе од половина милион лајкови

ТУРСКИОТ актер Бурак Озвивит, на македонската тв публика најпознат по улогата на Бали-бег во теленовелата …