(ВИДЕО+ФОТО) НИКОЈ НЕ МУ МОЖЕ НИШТО: Новак е неприкосновен владетел на АО!

Новак Ѓоковиќ е неприкосновен владетел на Мелбурн! Првиот тенисер на светот ја освои третата последователна титула на Австралија опен, деветта во неговата кариера! Најдобриот играч на светот во големото финале го совлада Русинот Данило Медведев со 7:5, 6:2, 6:2.


Ѓоковиќ ја освои 18-та титула во 28-то финале на Грен слем турнирите. Сега е само два помалку од Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои го држат рекордот со 20. титули.

Србинот играше финале во Мелбурн по деветти пат во кариерата и ја освои деветтата титула. Тој ја постигна 21-та последователна победа на Австралија опен, бидејќи ги освои титулите и во претходните две години.
Медведев го одигра второто грен слем финале во својата кариера и беше поразен по втор пат. Русинот го доживеа првиот пораз по 20. последователни победи.Сепак, добрата вест за Данило е дека тој од понеделник ќе биде третиот рекет во светот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Поранешен шпански фудбалер (38) пронајден мртов – настрадал од мобилен телефон во када

ТАЖНА вест од Шпанија. Сантијаго Отеро (38), поранешен шпански фудбалер и поранешен играч на Овиедо, …