(ВИДЕО+ФОТО) Во момент на 350 км/час, а досегот му е преку 1600 км. Ова е Hyperion XP-1

HYPERION XP-1 по малку потсетува на Bugatti, но, откако, вонземјаните го наполниле со стероиди…
Вонземјанинот меѓу автомобилите беше најавен минатото лето и сега може да се види на улиците на Лос Анџелес. Маскираната надворешност привлекува внимание каде и да се појави, а покрај него, Ферари изгледа досадно. Токму така, на една фотографија може да се види паркирано Ферари, но сите минувачи сепак гледаат во овој автомобил.

Атрактивната надворешност е изработена од композит кој вклучува засилувања од титаниум и фиберглас, додека дизајнот во голема мера е диктиран од посакуваната аеродинамика, како и потребата од насочување на воздухот за подобрување на возните карактеристики на активните компоненти.

Автомобилот е подеднакво посебен и одвнатре. Се напојува со водород и има најмалку два електрични мотори. Нема батерија, но има т.н. суперкондензатори. Официјалните податоци велат дека достигнува 96 км на час за 2,2 секунди и максимална брзина од 356 км на час. Опсегот со целосни резервоари за водород е дури 1635 км, а тука не ги вклучуваме соларните панели кои се интегрирани во стабилизаторите.
Планот е да се започне со производство од следната година, наводно серија од 300 примероци, а точната цена не е позната.

Фото: Hyperion Motors

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) ЛеБрон Џејмс го испробал новиот автомобил!

И покрај тоа што често се гледа во Порше, славниот кошаркар во иднина ќе мора …