(ФОТО) Великан во настанување: Четврта Грен слем титула за Наоми Осака

Јапонката Наоми Осака е новата шампионка на Австралија Опен, бидејќи во финалето ја победи Џенифер Брејди од САД со 6:4, 6:3.
Осака така ја освои четвртата грен слем титула, по Отвореното првенство на САД во 2018. и 2020. година, како и Австралија Опен во 2019. година, додека Брејди го играше своето прво големо финале.

Во дуелот од четвртото коло со Гарбиње Мугуруза, Осака спаси два меча поени и стана седмиот тенисер во опен ерата што го освоил Австралија опен после пет спасени меч топки – претходно направено од Моника Селеш (1991), eЏенифер Капријати (2002), Серена Вилијамс (2003, 2005), На Ли (2014), Анѓелик Кербер (2016) и Каролина Возниацки (2018).
Покрај Мугуруза, Осака ги победи и Пављученкова, Гарсија, Жабер, Хсије и Серена Вилијамс на патот до титулата.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пронајден исчезнатиот фудбалер: Англија жали за Џејмс Дин

Поранешниот фудбалер Џејмс Дин, чие тело беше пронајдено четири дена откако исчезна, беше „нежен џин“ …