Во Србија Ден на жалост поради смртта на Ѓорѓе Балашевиќ

Во Србија, ќе биде прогласен ден на жалост, поради смртта на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, на денот на неговиот погреб.
Градот Нови Сад ќе прогласи ден на жалост кога семејството Балашевиќ ќе објави кога ќе се изврши погребот. Денот на жалост исто така ќе биде на републичко ниво.
Претходно, во Нови Сад, знамињата беа спуштени на половина копје.

Околу илјада граѓани, обожаватели на Ѓорѓе Балашевиќ, се собрале синоќа во 20 часот на плоштадот Слобода во Нови Сад, во чест на овој познат кантавтор.

Засега не се знае местото и времето на погребот.
Балашевиќ почина денес во Клиничкиот центар на Војводина од последици на коронавирус.
Пред четири дена тој беше примен на Инфективната клиника, каде се лекуваше од пневмонија.
Ѓорѓе Балашевиќ беше југословенски и српски кантавтор и поет. Тој беше член на групите „Жетва“ и „Рани мраз“, а во 1982. година ја започна својата соло кариера. Има издадено вкупно 12. албуми. Има глумено во неколку телевизиски серии, за кои пишувал и музика.

Синглот „Сметајте на нас“, од периодот кога тој беше член на „Рани мраз“, постигна голема популарност во Југославија и остана популарен меѓу југословенските носталгичари. Во текот на 90-тите години, тој беше голем критичар на политиките на Слободан Милошевиќ.

Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …