РОВЕРОТ НА НАСА УСПЕШНО СЛЕТАЛ НА МАРС: Се спуштил на кратерот кој е наречен по општината Језеро (БИХ)

Роверот на американската вселенска агенција НАСА „Perservance“ (Упорност) успешно слетал на Марс, како дел од мисијата што треба да открие дали на таа планета некогаш имало живот.
Леталото слетало автономно а при влегувањето во атмосфератапо неколку минути биле активирани падобраните.
Според планот, „Perservance“ слета на кратерот именуван по општина Језеро во близина на градот Јајце во западна Босна и Херцеговина.
Со оглед на растојанието помеѓу Земјата и Марс, на пораките од леталото до контролата на летот и обратно, им требало 11 минути.

На 23.09.2019 година американскиот амбасадор во БиХ, Ерик Нелсон на градоначалничката на Општина Језеро, и предал писмо од НАСА со кое се потврдува дека кратерот на Марс го добил името по таа општина во БиХ.
Името на кратерот е избрано од 80. предлози, а како причина се посочува дека на многу словенски јазици тоа опишува природна вдлабнување или вдлабнување исполнето со вода.
Американското летало било лансирано од Флорида, а научниците веруваат дека некогаш на Марс постоеле услови што можеле да доведат до живот на микробите.
Роверот е опремен со два микрофони, па научниците се надеваат дека за прв пат би можеле да имаат звук од друга планета.

Фото: NASA/Tvitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …