КОРОНА НЕ ГО ЗАОБИКОЛИ – Млад македонски пејач е во изолација и откри како се чувствува!

Млад, стар, женско, машко, богати, сиромашни, познати, непознати…да не набројуваме – корона вирусот никого не го поштедува…Мапаѓа каде ќе стаса и ќе види слабост…
Една од жртвите е и младиот македонски пејач Гоце Бошковски кој беше учесник во „Ѕвездите на Гранд“ каде стаса до четвртиот круг.
Короната владее од март претходната година, а бројот на заболени е во постојан континуитет. Многу познати беа заболени од Ковид 19, некои поминаа со лесни симптоми, други со потешка клиничка слика, а некои ја изгубија битката со чумата на 21век.
Македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Гоце Бошковски – Чоки на својот „Фејсбук“ откри дека е позитивен на коронавирус и дека веќе 10ти ден е во изолација.


„10.ти ден во изолација поради позитивен ковид тест…. Уште малку остана… Добар сум фала му на Бога…. Чувајте се“, напиша тој покрај селфито.
Инаку, Гоце го помина и четвртиот круг во „Ѕвездите на Гранд“, а како ќе се претстави во следниот круг останува да видиме.

Извор: vistina.com.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Топ 10. намирници за хидратација во летните жештини

Првото нешто на што помислувате во топлите летни денови е чаша ладна вода. И не …