(ВИДЕО) ПИТА ОД СТОЕН ЛЕБ со спанаќ и сирење: БРЗИНСКИ ОБРОК кој сигурно ќе ве засити!

Ви донесуваме одлична идеја за брза вечера или појадок
Состојки:
неколку кришки стоен леб
4 јајца
30 мк масло
1 чаша јогурт (180 гр.)
сол
малку спанаќ (замрзнат, 3 брикети)
бело сирење
жолто сирење
Подготовка: изматете ги јајцата, па додадете масло, јогурт, сол, црвен пипер и одмрзнат спанаќ, или свеж.
Мешајте со жица по секое додавање.
Подмачкајте ја тавата, наредете го лебот на дното (покријте ја целата тава) и прелијте со мешавината од јајца.
Ставете ги парчињата сирење и печете во рерна на 180 целзиусови околу 25 минути.
Извадете ја питата, изрендајте жолто сирење и вратете да се пече уште 5 минути.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …