(ФОТО) Осака премногу јака за Серена: Наоми во финалето на АО

Наоми Осака славеше против Серена Вилијамс во полуфиналето на Австралија опен во два сета. Беше 6:3 и 6: 4.

Натпреварот започна со брејк на Серена Вилијамс, а бидејќи таа не искористи друга шанса да и го одземе сервисот на противничката, беше експресно казнета. Наоми израмни на 2:2 со тоа што направи брејк, а наскоро и поведе со брејк за 4:2. Јапонката одигра одлично во тој период од натпреварот, особено кога станува збор за сервисот. До крајот на сетот, таа ја одржуваше предноста на брејкот и поведе.

Во вториот сет Осака веднаш направи брејк, беше далеку поагресивна, а единствената несигурност ја покажа на осмиот гем. Наоми ужасно сервираше и Серена направи брејк поради тоа. Сепак, Американката го загуби следниот сервис гем со нула и Наоми го доби вториот сет со 6:4.
Наоми ќе го игра финалето на Австралија опен против подобрата тенисерка од дуелот помеѓу Каролина Мухова и Џенифер Брејди.

Фото: Принтскрин/Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …