(ФОТО) Како машина: Деветто финале на Австралија Опен за Новак Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето имаше најлесна работа од почетокот на Австралија Опен, во кое го победи Аслан Карачев во три сета (6:4, 6:3, 6:2), човек кој играше во квалификациите и беше во главната ждрепка за прв пат во неговата кариера на некој грен слем.

Новак се пласираше во деветтото финале на Австралија Опен, во кое ќе се обиде да стигне до деветтата титула, и 18-от грен слем во кариерата.

Карачев покажа зошто се наоѓал таму каде што е овој четврток, против светскиот рекет број еден во полуфиналето на Австралија Опен.
Играше добро, не се плашеше да влезе во долги размени, но кога Ѓоковиќ успеа да му го прочита сервисот, стигна до првиот брејк, еден, но вреден прв сет.
Во вториот сет се разви голема борба, иако двојниот брејк за Ѓоковиќ не го сугерираше тоа. Карачев врати еден брејк, го принуди Новак по втор пат да сервира за сетот и сериозно да запне за да го добие.

Во третиот сет Новак направи брејк во првиот гем и поведе со 2:0, но Карачев возврати со иста мерка и донесе нова возбуда на мечот. Следуваа два нови врзани гемови за Ѓоковиќ и нова брејк топка за водство од 5:2. Карачев не успеа да го реализира првиот сервис, а Новак имаше идеален одговор на вториот.

И колку и да изгледаше како најбрза и најлесна победа, Новак сепак мораше да одигра одлично за да ја заврши работата на првиот дуел против рускиот тенисер во три сета, па заслужено си обезбеди место на последниот дуел што ќе се одигра на првиот Грен слем годинава.

Во финалето, за деветтата титула во Мелбурн, Новак ќе игра против подобриот играч од дуелот во кој се среќаваат Данил Медведев и Стефанос Циципас. Второто полуфинале е закажано за во петок.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Виз Ер Скопски Маратон ги додели наградите за тим билдинг трката и штафетниот маратон– ЕУ за спорт

Вчера вечер во Брик бар сеодржа доделувањето на наградите за тим билдинг трката, која беше …