Тошо Филиповски, музичкиот новинар и хроничар, го промовираше „Македонски рок времеплов“

По „Македонска рок енциклопедија“ и „Македонска дискографија-винили 1958-2019“, долгогодишниот музички новинар и хроничар Тошо Филиповски го промовираше третото капитално дело за домашната музичка сцена за период од неполни четири години – „Македонски рок времеплов“.

Во „Македонски рок времеплов“, авторот и хроничар Филиповски издвоил стотици значајни датуми за македонската рок сцена и преку хронологија на луѓе, концерти, албуми, па дури и локални настани укажува на тоа колку таа всушност била и сѐ уште е богата.

loading...

Внатре ставив дека ова е прв том кога сфатив дека приказната со забележување датуми не може да биде завршена. Музиката и културата се живи процеси и цело време нешто се создава. Некои идни генерации можеби ќе ја продолжат оваа приказна, кажа Филиповски на промоцијата на книгата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СКРОМНО – КЛУНИЕВИ ПОКАЖАЛЕ ДЕКА ЖИВЕАТ КАКО „ОБИЧНИ СМРТНИЦИ“: Со скромен чин направиле вистинска метеж и хаос во јавноста

Џорџ и Амал Клуни денеска користеа јавен превоз и ја воодушевија јавноста со таа постапка.Познатиот …