Толку од снегот – Еве какво време не очекува во наредните 4. дена

Сите му се израдуваа на снегот – како најмалечките кои уживаа во снежните радости така и возрасните кои конечно можеа да дишат почист воздух…Но, снегот и ниските температури се минато. Еве какво време не очекува во наредните 4. дена според најавата на УХМР.
Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен, а во југоисточните делови умерен ветер од југоисточен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Сабота – претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Преку ноќта во источните делови ќе има услови за појава на слаб дожд, на планините слаб снег.Минимална температура: -7°C до 0°C. Максимална температура: 3°C до 13°C



Недела – Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Минимална температура: -6°C до 2°C. Максимална температура: 4°C до 14°C
Недела – Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне сончево со мала облачност.Минимална температура: -5°C до 2°C. Максимална температура: 5°C до 14°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се чествува Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Во времето на прогонството на светиот Јован Златоуст, главата на свети Јован Крстител беше пренесена …