(ВИДЕО+ФОТО) Естетски хирург открива што се’ оперирале најубавите жени во светот

Клои Кардашијан

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Charles S. Lee, MD, FACS (@drlee90210)


Доктор Ли вели дека Клои имала многу процедури, но се восхитува на нејзиниот изглед. Му се чини дека ги работела челото, очните капаци, ги искосила очите, ги тргнала мастите од образите, направила липосукција на вратот, неколкупати ги оперирала брадата и носот и имала полнила во усните.


Деми Мур

Во јануари, д-р Ли коментираше за наводното дотерување на актерката, по шоуто на Фенди, кога обожавателите масовно се прашувале – што се случи со Деми Мур.
Таа имала класични „џокер линии“ по дотерувањето. Овие линии се појавуваат кај пациенти кои имаат ризична анатомија, особено кај оние со рамни, големи образи.
Деми продолжува да негира дека поправила нешто на лицето, а во 2019. година изјави дека е ужасно вознемирена што луѓето зборуваат колку потрошила на пластична операција.

Кендал Џенер

„Гледам дека ги кренала веѓите, можеби тоа било дел од процедурата во која нејзините очи биле закосени, а очните капаци подигнати“, вели д-р Ли. Тој смета дека Кендал имала операција на носот, но тоа не е сè.
„Таа има прекрасни заби, мислам дека веројатно ставила полнила во усните, инјектирала ботокс и некои други полнила во лицето. И покрај сè – се согласувам дека таа е Кардашијан која изгледа најприродно“, заклучил тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Суперхикс Банда инструментале ја промовираа новата песна „Добар човек”

Суперхикс го промовираа својот нов сингл со наслов “Добар Човек” и анимиран видеоспот авторско дело …