(ВИДЕО+ФОТО) Естетски хирург открива што се’ оперирале најубавите жени во светот

Пластичен хирург од Беверли Хилс, д-р Чарлс Ли на ТикТок открива која од славните имала најмногу „пластични“ асистенции.
Д-р Ли не ги извршил процедурите на ѕвездите за кои зборува, но тој е експерт кога станува збор за дотерувања, липосукции и полнила.
Во серија видеа објавени на ТикТок, тој анализира „пред и после“ фотографии од Кендал Џенер, Аријана Гранде, Клои Кардашијан.
Како што вели – Кајли Џенер направила многу повеќе од полнење усни.
„Ми се чини дека и ја обликувале брадата, и ја извадиле маснотијата од регионот на образите, ги кренала веѓите, го оперирала носот и има инекции во горната усна“, вели Ли.

Бела Хадид

loading...


„Мислам дека имаше операција на носот, ги крена очните капаци, направи липосукција на вратот, и ги извадија маснотиите од образите, има полнила во јаболчниците и на челото“, вели д-р Чарлс Ли.
Иако на фотографиите изгледа доста поразлично пред да биде позната, Бела негирала дека се оперирала.


„Луѓето мислат дека имав операција и дека сторив сè. Знаете што? Можеме да го скенираме лицето, душо. Се плашам од полнила во усните, не би сакала да се зезам со лицето“, реклатаа во 2018 година.


Аријана Гранде

Доктор Ли ја споредил фотографијата на Аријана на 27. и 15. години и смета дека ги кренала веѓите, горните очни капаци и ги оперирала носот и брадата. Аријана Гранде исто така изјавила дека не посетила пластичен хирург и дека се трансформирала после пубертетот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Театарски уметници од Србија, Северна Македонија и Албанија стануваат дел од „ОТВОРЕН БАЛКАН“

Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија, на 28. септември, во Владата …