Епски пресврт: Циципас преку Надал до полуфиналето

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, откако по одличниот пресврт го елиминираше вториот носител Рафаел Надал со 3:6, 2:6, 7:6, 6:4, 7:5.
Циципас по трет пат во својата кариера ќе игра во полуфиналето на Грен Слем, по втор пат во Мелбурн.
Надал е само по втор пат поразен на Грен слем, откако имаше предност од два сета – претходно Фабио Фоњини го победи на ист начин во третото коло на УС Опен 2015. година.
Гркот го заврши мечот со 17. аса, 49. винери и 38. грешки. На крајот, Надал постигна 15. аса, 58. директни поени и 42. грешки.
Шестиот тенисер во светот ќе се бори со Русинот Данило Медведев за место во финалето.


Фото:Принтскрин/Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот југословенски голман : Короната го земала најдобриот стрелец меѓу голманите!

ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, славен голман од 70-тите и 80-тите години, познат по одличните одбрани, но и …