(ВИДЕО) Ѓоко Ѓорчев осмиот албум „Дуети“ го најави со композицијата „Help me make it trough the night“

Кога некој судбински е предодреден да поседува некаква дарба, талент…тогаш веројатно е предодреден и да ги поместува границите…на она што го работи…Се чини дека тоа важи токму за Ѓоко Ѓорчев, човекот кој живее за музиката која е негов живот…
Оти, како поинаку може да се сфати неговата постојана активност, создавање нови песни, секогаш нешто повеќе, нешто…па, искрено кажано, нешто што кај нас, во нашата убава Македонија ГО НЕМА…
Ѓоко Ѓорчев и во најстрашната година од нашите животи, кога и ние како целиот свет се соочивме со страшната пандемија на коронавирус неуморно твори…Ако не пее во својата дневна соба и не радува со своите изведби снимени на мобилниот телефон – а кои звучат како да се реализирани во студио – тогаш снима песни…Размислува што понатаму, секако за музиката. Пред неколку дена ја промовираше Help me make it trough the night која ја испеа со Кате Брезова и со која го заокружи списокот на песни за неговиот ОСМИ албум со едноставно име „ДУЕТИ“.

loading...

Да, токму така, во ова време – невреме Ѓорчев ќе го издаде осмиот албум „Диети“ кој светлината на денот најверојатно ќе ја види на пролет…
Според нашите информации албумот ќе ги има следните композиции кои ги исполнува со колешки:
Кристина Палија – Pesni Parla pui piano, Besame Mucho, Phantom of the opera
Кате Танева – Последен танц, Земја библиска
Кате Брезова – Help me make it trough the night
Кате Мицанова – Crying time
Мери Младенова – What a wonderful world
Серафина Фантаузо – Time to say goodbye
Земјо моја – Кристина Палија, Ирена Стевановска, Кате Танева


На овој албум Ѓорчев ќе се претстави со светски хитови, арии, композиции кои ретко кој би се осмелил да ги запее, но кога тој ги изведува сето тоа делува толку лесно…
„Кога ги броев албумите дојдов до бројот седум а моите деца постојано ме потсетуваат на некои мои прекрасни песни кои не добиле доволно простор во медиумите. Барајќи ги така ‘омилените’ песни на моите деца сфатив дека имам испеано многу дуети и можеби ќе биде интересно да издадам еден албум само со дуети, особено што тие песни не се на ниту еден мој албум освен оние со Кате Танева. И, така се роди идејата за овој албум кој искрено се надевам дека ќе го издадам на пролет, но со оглед на околностите во кои живееме, не би се врзувал за некој термин“, ни рече Ѓорчев.
До излегувањето на неговиот албум ќе ви доенсеме неколку од тие песни – по наш избор:


Фото: Приватна архива/Ѓоко Ѓорчев

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради …