(ФОТО) Млад пар купил автобус и од него направиле феноменален дом: Погледнете како изгледа!

Чарли Мацвицар и Лук Вокер решиле заедно да живеат, но тие биле загрижени за финансиската состојба и големите трошоци што ги носи таквиот потфат.
Барајќи алтернативи за традиционален дом, им се допаднала идејата за безграничност и постојано патување, па купиле стар двокатен автобус. „Ние ги сакаме патувањата и флексибилноста“, рекла 26-годишната Чарли. „Размислувавме за бродски контејнер и камп приколка, но на крајот се одлучивме за автобус“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @doubledeckerhome

Следната година, тие работеле напорно на тоа и успеале да го постигнат токму она што го сакале.
„Сакавме да живееме заедно, но не сакавме заеми, хипотеки и огромни закупнини“, додала Чарли. Таа и 27-годишниот Лук имале среќа и наишле на автентичен автобус од лондонскиот Volvo Plaxton, кој превезувал патници само неколку месеци пред да го купат.
Семејството и професионалците им помагале со работите во автобусот што не можеле сами да ги направат, како што се електрична енергија, одвод и столарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @doubledeckerhome

Крајниот резултат е феноменален. На првиот кат во автобусот има кујна, тоалет, работна маса и дневна соба со шпорет на дрва, а на вториот кат се наоѓаат спална соба, бања и голем плакар.
Автобусот моментално е паркиран на имотот на нејзиниот татко, а парот потрошил вкупно околу 22.500 евра, од кои околу 3.000 евра отишле за набавка на автобусот и 19.500 евра на уредување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @doubledeckerhome

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …