(ФОТО) ДРЕВНИ МИСТИЧНИ ПРИКАЗИ – МИСТЕРИЈА ВО ТАНЗАНИЈА: Луѓето со џиновски глави насликани во пештерите и понатаму ЕНИГМА за научниците!

Во 2018 година, археолозите пронашле неверојатно откритие во резерватот Свага Свага (Swaga Swaga) во Танзанија – 52 насликани засолништа во карпите. Времето ги уништило повеќето слики, а од оние што биле зачувани, една била апсолутна енигма.
Локалитетот Амак’хи 4 во дамина е детално насликан со фигуративна уметност. Прикажани се и три мистериозни, антропоморфни ликови со исклучително големи глави.
Според археологот Мејси Грзелзик од Универзитетот во Полска, овие фигури би можеле да ја решат мистеријата на други такви ликови што биле пронајдени во блиските пештери, пишува Science Alert.
Тешко е точно да се датира наоѓалиштето на местото Амак’хи, но овој археолог верува дека е стар најмалку неколку стотици години и дека може да биде стар неколку илјади години. Скоро е целосно обоен во црвена боја, освен пет фигури што се претставени во бело. Староста на пигментите на боја, како и отсуството на темата на домашните животни, укажуваат на тоа дека оваа прилично стара локација, датира од времето на ловечкото друштво во тој регионот.


Огромни глави
Прикажани се животни кои со изгледот потсетуваат на гнуи, антички антилопи, биволи и жирафи. На сликите се појавуваат и ситни ликови кои наликуваат на луѓе со големи глави. Сепак, трите фигури се особено интересни.

“Меѓу сликите на локацијата Амак’хи 4, се издвојува сцена на која се прикажани три големи фигури. Се чини дека имаат стилизирани глави од биволи на кои може да се препознаат два рога и спуштени уши”, наведува Грзелзик во истражувањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за петок, 22.10.2021: Јасно ви е дека не можете да добиете сè што емотивно посакувате, но сепак не знаете како да уживате во она што го имате…

Овен Љубов: Потребно е подобро да ги усогласите мислите и чувствата, за да го зачувате …