Кинеските парови брзаат да поднесат барање за развод пред да стапи на сила новиот закон, кој разделбата во најнаселената земја во светот ќе ја претвори во многу потежок и подолг процес.
Новиот закон, кој беше усвоен во мај минатата година, но кој дури сега стапува на сила, предвидува паровите да чекаат 30. дена пред да поднесат барање за развод. Ако која било од страните одлучи да ја повлече одлуката во тој период, оштетената страна мора повторно да поднесе барање за развод и 30-дневниот период започнува повторно.
Ченг Кјао, професор на Правниот факултет во Универзитетот Цингуа, рекол дека законот требало да ги запре „импулсивните“ разводи.
„Можеби се скараа околу домашните работи и се разведоа во бес. После тоа, можеби ќа зажалат. Ние мора да спречиме ваков вид на импулсивен развод“, рекол професорот, а пренесува Гардијан.
Chinese couples rush to file for divorce as new law that requires 30-day ‘cooling off’ period kicks in | South China Morning Post https://t.co/vdIcUSq5gz -via Flynx
— NoBigGovDuh (@NoBigGovDuh) February 15, 2021
Некои сметаат дека овој потег е начин Кина, земја која во средиштето на својата култура го става „хармоничното семејство“, е начин да ги обесхрабри паровите да се разведат. Кинеските власти се надевале дека карантинот ќе доведе до бејби бум, но според експертите, стапката на наталитет всушност паднала.
Стапките на разводи во Кина растат постојано во последните петнаесет години. Околу 1,3 милиони парови се развеле во 2003. година, но до 2018 година тој број се искачил на 4,5 милиони, според Блумберг.
Законот за периодот на „чекање“ пред разводот прави исклучоци во случајот на семејно насилство, но адвокатите велат дека во реалноста тој дополнително ќе ја комплицира постапката за жртвите на семејно насилство.
„Мажите можат да одлучат дали сакаат да се разведат или да го повлечат нивното барање. Ако жената го сака тоа, а мажот не, жената ќе мора да го тужи мажот, ангажирајќи адвокат, со големи финансиски трошоци. Многу жени – особено домаќинки – не се во можност да го сторат тоа“, рекол Жонг Вен, адвокат за развод со седиште во провинцијата Сечуан.
Кина, додал адвокатот, нема развиена мрежа на прифатилишта за жртви на семејно насилство, што значи дека дури и ако жената успее да избега од својот сопруг, можеби нема каде да оди.
Фото: Илустрации