ИСТРАЖУВАЊА: Имунитетот од прележана корона јак како после вакцина

Студија на Медицинскиот факултет во Грац открила дека луѓето кои се заразиле со коронавирус имаат 91 процент помал ризик од инфекција во следните седум месеци.
Студијата е објавена во European Journal of Clinical Investigation.
Нивото на имунитет по болеста е само малку пониско од оној предизвикан од вакцината Фајзер/Бајонтек, што е ефикасен за 95 проценти. Според тоа, инфекцијата со коронавирус предизвикува скоро исто ниво на заштита што ја имаат вакцинираните лица, барем за краток временски период, според студијата спроведена во Австрија, за која било објавена од dpa, а која ја пренесе Dnevnik.hr.


Студијата испитала како луѓето кои биле заразени во првиот бран на инфекцијата, од февруари до мај, го поминале вториот бран од септември до јануари. Во споредба со остатокот од населението во Австрија, тие имале значително посилна отпорност на инфекции.
Ова значи дека имунитетот кон Сарс-КоВ-2 расте кај австриското население, но сè уште не знаеме во кој обем овој имунитет важи и за разни мутации на вирусот Сарс-КоВ-2 или колку долго и во колкава мерка заштитата од реинфекцијата трае со текот на времето, рекол Франц Алербергер од Австриската агенција за здравје и безбедност на храна.


Потребни се уште истражувања што ќе трае подолго, но и анализа на податоците од други земји. Резултатите се слични на оние добиени од британските научници кои откриле дека скоро 90 проценти од заразените со коронавирус имаат антитела во своето тело шест месеци по инфекцијата.
Податоците од февруари од најголемата британска биомедицинска база на податоци, UK Biobank, покажуваат антитела кај 88 проценти од испитаниците учесници по шест месеци. По три месеци процентот е 99 проценти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – 17. ЛИЦА ПОЧИНАЛЕ: Денес се регистрирани 554. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …