3. Пиете повеќе алкохол од дозволеното
Сам по себе, алкохолот нема маснотии, но неговата апсорпција го забавува метаболизмот, што го прави голем непријател на луѓето кои се обидуваат да внимаваат на нивната линија.
4. Не сте доволно физички активни
Маснотиите во стомакот најефикасно се отстрануваат со правилна диета, но вежбите исто така можат значително да помогнат. Воведете кардио програма, најмалку 2. пати неделно и ќе забележите како килограмите исчезнуваат многу брзо.
5. Влеговте во периодот на менопауза
За време на менопаузата, метаболизмот на жените се забавува. Масните наслаги околу половината кај жените кои влегле во менопауза е одговор на организмот на пад на хормонот естроген. Во менопаузата, складирањето на масни наслаги од колковите се движи во областа на половината. Сепак, нема потреба да очајувате, ако јадете правилно и воведете физичка активност, маснотиите од овој дел од телото ќе исчезнат.