(ФОТО) El Chiringuito во два наутро шокирал со информација:„Готово е се околу Серхио Рамос!“

Шпанскиот El Chiringuito пишува дека Серхио Рамос (34) на крајот на сезоната сигурно го напушта Реал Мадрид, и тоа бесплатно по истекот на договорот на крајот на јуни.
Добро информиран извор од споменатата ТВ компанија тврди дека имало неповратен раздор помеѓу клубот и капитенот. Информацијата беше емитувана околу два часа по полноќ, од недела на понеделник.

Реал со месеци преговара со својот капитен и двете страни никогаш не биле подалеку од договор. Реал не нуди договори на играчи над 30 години на повеќе од една година и не сакале да ја сменат таа политика дури и за Рамос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)

Реал и Рамос не можат да се договорат
На капитенот му бил понуден договор за уште една година со плата од 10,8 милиони евра или десет проценти помалку од сега, поради мерките за штедење.Рамос на тој начин би можел да го напушти Реал по 16 успешни години. За него се интересираат скоро сите европски великани. ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул би сакале да го видат во своите редови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)

Но, Рамос инсистирал на двегодишен договор и 12 милиони евра годишна плата, кои Реал не сакал да ги понуди. Преговорите главно оделе преку менаџерот, но Перез го замолил Рамос кон крајот на минатата година да се сретнат лично и да се обиде да постигне договор. Сепак, ниту тој состанок не поминал добро.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) СРЦЕТО ГО ОСТАВИЈА НА ТЕРЕНОТ: Македонија загуби, но два блескави моменти го одбележаа мечот – еве како лавовски се игра за својата земја!

На „Национална арена Букурешт“, избраниците на селекторот Игор Ангеловски повторно имаа голема поддршка од околу …