НЕВЕРОЈАТНО ЗДРАВА ЖИТАРКА: Изобилува со витамини и минерали, помага во РЕГУЛИРАЊЕТО НА ХОЛЕСТЕРОЛОТ и ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА!

Со добра причина ја нарекуваат најздрава житарка…
Киноата е всушност псевдо житарица, бидејќи се подготвува, консумира и ги содржи истите хранливи вредности како и житарките, но всушност припаѓа на семејството на трева.
Киноата е богата со многу минерали како магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк, селен, калиум и калциум, кои се неопходни за правилно функционирање на човечкото тело.
Покрај минералите, содржи и големо количество витамини, имено витамини од Б комплексот и витамин Е. Содржи и голема количина на растителни влакна, па имаат корисен ефект врз метаболизмот.
Она што е важно да се спомене е дека киноа ги содржи сите осум аминокиселини кои му се потребни на човекот, за разлика од другите житни култури кои содржат најмногу три, поради што ова растение се смета за „супер храна“.
Еве ги сите лековити својства на киноата:

Може да го регулира холестеролот
Високата концентрација на влакна што ги содржи киноата помагаат да се намали високиот холестерол. Апсорбирачките влакна измешани со жолчна киселина се лачат во организмот и го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол. Луѓето кои страдаат од висок холестерол и треба да го намалат внесувањето на животински протеини, киноата е идеална билна замена за истите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …