ЗДРАВИ ЖИВОТНИ НАВИКИ – КЕЉ: Еве поради кои уште здравствени причини е добро редовно да се конзумира овој ВОЛШЕБЕН ЗЕЛЕНЧУК!

Кељот е зелен лиснат зеленчук, полн со корисни соединенија и има неколку здравствени придобивки, кои се клучни за време на ширењето на вирусот.
Што се однесува до здравата исхрана, нема ништо подобро од зелен лиснат зеленчук. Било да е тоа спанаќ, зелка или кељ. Кељот е еден од најздравите и најхранливите зелен зеленчук со лисја. Оваа супер храна е полна со корисни соединенија.
Некои од овие соединенија присутни на кељот имаат моќни лековити својства.
Постојат многу начини да се консумира оваа храна сурова или варена. Повеќето луѓе претпочитаат да го варат кељот, повеќе отколку да го јадат како сирова храна, со цел да се отстрани горчината на овој зеленчук.
Ви донесуваме 5 здравствени придобивки од кељот и зошто е потребно да го вклучите во вашата редовна исхрана во различни форми.

Помага во регулирање на холестеролот
Консумацијата на кељ ја забрзува синтезата на желудочна киселина во телото, а со тоа помага во регулирање на нивото на холестерол. Помага при превенција од разни кардиоваскуларни заболувања и е добар за здравјето на срцето.

Помага во одржување на здравјето на коските
Кељот е богат извор на калциум, фосфор и витамин К. Помага во подобрување на густината на коските и го намалува ризикот од остеопороза и фрактури.

Ризница на минерали
Кељот е богат со есенцијални минерали како калиум и магнезиум. Додека калиумот помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања и управува со крвниот притисок, магнезиумот помага да се заштити телото од дијабетес тип 2.

Помага во одржување на здравјето на очите
Кељот помага во подобрување на здравјето на очите и ги штити од штетните УВ зраци. Богат е со каротеноиди, вклучувајќи зеаксантин и лутеин кои помагаат во подобрувањето на видот.

Богат е со антиоксиданти
Кељот е богат со антиоксиданти како витамин Ц и бета каротен. Тие помагаат во сузбивање на оксидативната штета кои ја нанесуваат слободните радикали во телото, што може да го зголеми ризикот од рак и да го забрза процесот на стареење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Брз и едноставен колач: Вкусни посни коцки!

Постите уште траат а денес ви предлагаме еден посен десерт: Потребно ви е чаша за …