(ВИДЕО) Трик за сечење кромид кој ќе ви го промени животот

Кога станува збор за сечење кромид, многу луѓе буквално плачат – и од лутина, но и затоа што подготовката на оваа намирница може да биде незгодна. Но, постои начин брзо и вешто да се исецка кромидот, и тоа го покажала една тиктокерка.
Попи О’Тул, кулинарската sвезда на мрежата ТикТок, изненадила многумина со своето видео во кое го објаснува наједноставниот начин за сечкање кромид. Таа снимка е прегледана повеќе од 2,6 милиони пати досега.
Во краткото видео, оваа млада готвачка снимила многу едноставен метод за сечкање кромид, а многумина признале дека секогаш го правеле тоа погрешно.
„Ова е една од првите техники што ќе ги научите кога ќе станете готвач. Прво треба да го исечете горниот дел од кромидот, а потоа да ја излупите лушпата. Препорачливо е да започнете со хоризонтално сечење и да направите три или четири сечења, но внимавајте другиот крај да го оставите недопрен. И потоа пресечете шест пати вертикално и ќе добиете совршено исечен кромид“, објаснува 26-годишната sвезда од ТикТок, која ги усоврши своите кулинарски вештини во ресторанот Purnell’s во Бирмингем, кој има ѕвезда на Мишелин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Poppy O’Toole (@poppy_cooks)

„Едвај чекам да го пробам ова“, „Сакам да готвам, но не го знаев ова“, „Ова цел живот го правев погрешно“, се само некои од многуте коментари упатени до Попи О Toole.

Foto:Screenshot/Instagram/poppy_cooks

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …