(ФОТО) ЏАСТИН ТИМБЕРЛЕЈК ИМ СЕ ИЗВИНИЛ НА БРИТНИ СПИРС И ЏЕНЕТ ЏЕКСОН: „Знам дека згрешив, ќе се обидам да бидам подобар!“

Џастин Тимберлејк им се извинил на Бритни Спирс и Џенет Џексон за своето однесување во минатото.
Тој објавил долга порака на својот Инстаграм профил и го направи она што многу фанови го посакувале.
„Ги видов таговите и ми е жал што моето однесување во минатото придонесе за проблемот, кога го кажав она што не требаше да го кажам или кога не го кренав гласот за она што беше исправно. Јас не успеав во тие моменти и многу други, а од друга страна профитирав во систем што ја оправдува мизогонијата … – напишал тој, а сè по прозивките на фановите дека профитирал заради врската со Бритни Спирс и познатиот дебакл со гардеробата на Џенет Џексон на Супер Боул во 2004. година кога и испадна брадавицата за време на преносот во живо.


„Посебно сакам да им се извинам на Бритни Спирс и Џенет Џексон, бидејќи ги почитувам и се грижам за нив, но потфрлив…“

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake)

Џастин понатаму навел дека овој проблем е од многу поширок карактер и дека се однесува на сите инволвирани, но и дека тие го заслужуваат најдоброто. Тој додал дека индустријата се заснова на лоши постулати каде мажот е предодреден да успее додека другите немаат никакви шанси, но дека тој не го препознал тоа на време, но дека не сака повеќе да „профитира“ а друго човечко суштество да страда и биде понижено заради тоа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тужба за СЗО: „Ми ја уништувате работата. Размислете …“

Сибирскиот претприемач ја има несреќата што неговата компанија се вика Омикрон и се занимава со …