(ФОТО) Новак насмеан на теренот – Каква порака испраќа неговиот тим?

Од Мелбурн па во целиот свет, каде што има навивачи на Новак Ѓоковиќ, се протега прашањето дали Ноле ќе успее да се опорави доволно и да игра во осминафиналето на Австралија Опен.
Милош Раониќ наострен „како ловџиска пушка“ го чека бранителот на тронот, а првиот тенисер на светот сигурно не е целосно подготвен поради болната повреда на колкот.
Сепак, оваа сабота има барем навестување за подобри вести, по онаа што ја потврди Горан Иванишевиќ дека Ѓоковиќ нема да тренира.
Неговиот физиотерапевт Улис Бадио, во маицата на Ѓоковиќ, утрово објави фотографии од теренот во Мелбурн, а Новак му се смешка на една од нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ulises Badio (@uli.physio)

Јасно е дека тој не тренира, само од неговиот тим се чини дека се испраќа порака дека сè ќе биде во ред или Бадио сака да го поддржи Ноле. Секако, многу ќе зависи од него – што повеќе да се подготви светскиот рекет број еден за да му се спротивстави на Раониќ во осминафиналето на Австралија Опен.
Директорот на првиот Грен слем во сезоната, Крег Тили исто така најави дека Новак ќе биде на теренот и дуелот со високиот Канаѓанец го закажа за недела од 10.30 часот според програмата, односно по наше време.

Фото:  Принтскрин/ Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Многу причини за радост – ДВА гола, ДВА милиони денари од МOZZART!

Погодоците на Пандев и Алиоски на ЕУРО 2020 донесоа голема радост на цела нација, но …