Ракометната федерација на Македонија преку статус на Фејсбук објави дека Кире Лазаров е новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
„Почитувани,
Ве известуваме дека на денешната прес-конференција одржана online Претседателот на Ракомететната Федерација на Македонија г-динот Живко Мукаетов ги информираше претставниците на медиумите дека на одржаната Седница на Управниот Одбор на РФМ на ден 12.02.2021 година, членовите на Управниот Одбор на РФМ едногласно го усвоија предлогот за назначување на г-динот Кирил Лазаров за Селектор/Тренер на сениорската машка ракометна репрезентација.
На денешната прес-конференција присуствуваше и се обрати г-динот Кирил Лазаров, кој се заблагодари на доверената подршка од страна на РФМ и ги информираше претставниците на медиумите дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците, членовите на новиот стручен штаб.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ОЧЕКУВАНО – Кире Лазаров нов селектор на машката ракометна репрезентација!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕