(ВИДЕО+ФОТО) Повредениот Ѓоковиќ херојски до осминафиналето!

Новак Ѓоковиќ го победи Тејлор Фриц од САД со 7:6 (7-1), 6:4, 3:6, 4:6, 6:2 во третото коло на Австралија Опен.


По натпреварот против Тејлор Фриц, кој го доби во пет сета, Новак Ѓоковиќ кратко разговараше со Барбара Шет и Матс Виландер за Еуроспорт. Тој рече дека не ја знае сериозноста на повредата, но и дека не очекува ништо добро.

Ѓоковиќ побара медицински тајм-аут, а после тоа едвај се движеше. Имаше најмалку проблеми на сервис, некако успеа да остане во игра, но во гемовите на Фриц буквално стоеше бидејќи чувствуваше болка.

Новак го доби Фриц и по повредата во третиот сет кога се лизна на буквите зад основната линија. Тешко му беше да се помрдне, но на крајот болката стивна и успеа да го добие петтиот сет со 6:2.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) БОРБА ЗА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО – Денеска се играат седум квалификациски натпревари, а еден е во посебен фокус и не од спортски причини

Денеска се играат седум натпревари од првото коло од квалификациите за ЕП 2024 година, а …