(ФОТО) Краков: За заледените улици наместо сол – КАФЕ!

Жителите на Краков беа разбудени од мирисот на кафе од улиците затоа што градската служба се сетила со кафе да ги испрска снегот и заледените површини.
Градското зеленило објавило и дека кафето е добро за животната средина и неговите остатоци се поевтини од солта.
Оваа одлука ги развесели жителите и сопствениците на кафулето, кои сега не мора да ги фрлаат остатоците од кафето во ѓубре.


Друга добра причина за попрскување кафе е дека кафето, за разлика од солта, не е штетно за кучињата.
Повеќе од 50 кафулиња одговориле на повикот и ги доставиле собраните остатоци од подготовката на кафе до градското зеленило во Краков.


Извор: themayor.eu

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вашиот идеален партнер според хороскопот?

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …